Тунберг: Најголема опасност е да не се работи ништо

by fokus 14:53
14:53

Активистката против климатски промени, тинејџерката Грета Тунберг ги обвини денеска политичките и бизнис лидерите дека сакаат себеси да се претстават во подобро светло, а не преземаат агресивни акции во борбата против климатските промени.

– Уште верувам дека најголема опасност е да не се работи ништо. Вистинска опасност е кога политичарите и директорите предлагаат како да се работи нешто, а всушност не се работи ништо освен паметно сметководство и креативен ПР, изјави таа на самитот на ОН во Мадрид.

- Advertising -
"

Тунберг истакна дека многу ветувања за балансирање на емисии на штетни гасови со ефект на стаклена градина не го вклучуваат влијанието на бродоградителството, воздухопловството и меѓународната трговија и повика на побрзо дејствување.

Поврзани новости