Туфекџиќ: Во моментот на гласање за препораките на Народниот правобранител бев на распит, но грешката ќе ја исправиме

by fokus
Повеќе пратеници од пратеничкото мнозинство не гласаа за препораките на Народниот правобранител, а една од нив беше и пратеничката Ивана Туфекџиќ.
Поради недоволен број на гласови, препораките не беа усвоени, а пратеничката Туфекџиќ во изјава за Фокус вели дека таа во моментот на гласање на била во Собранието.
-Значи јас во моментот на гласање бев на распит во ОЈО за насилствата на студентските избори па се вратив назад во Собранието. Како и да е, грешката е наша и не ја намалува одговорноста. Препораките се повторно во собраниска процедура и грешката ќе биде поправена, вели Туфекџиќ.

 

Поврзани новости