ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

by fokus

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари, информираат од ТТК банка.

-Со ваквата одлука, во рамките на своето потврдено општествено одговорно делување, ТТК банка АД Скопје настојува да придонесе за помагање на ликвидноста на државата и нејзиниот буџет во насока на зголемување на капацитетот за непречено функционирање на виталните општествени процеси како и поефикасна реализација на мерките и активностите за борбата против ширењето на вирусот и заштитата на здравјето на граѓаните.

Во овие услови ТТК Банка АД Скопје делува со примарен фокус, безбедно и ефикасно да излезе во пресрет на сите финансиски потреби на клиентите овозможувајќи континуирана и квалитетна банкарска услуга преку дигиталните канали со низа поволности за 24/7 бесплатно вршење на електронски плаќања, поддршка преку достапна мрежа на експозитурите/филијалите и функционалните банкомати, полесен пристап до средства без наплата на провизии како и преку изнаоѓање ефикасни мерки за поддршка  на клиентите, физичките и правните лица во справувањето со финансиските потешкотии при отплатата на кредитните обврски, велат од банката.

 

 

Поврзани новости