Цветанов: Не можеме да говориме за национално помирување без решавање на политички монтираните случаи

by fokus

Поранешниот директор на управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, вели дека не може да зборуваме за помирување додека не се решат како што вели тој политички монтираните случаи.

-Во Република Македонија според Стејд Департментот и Европската унија имало повеќе од 20 монтирани политички случаи. Не можеме да говориме за национално помирување додека не се најде решение за политички монтираните случаи, за кои не бараме ништо друго, освен повторување на постапките на фер состојба. Доколку обвинителството има докази нека излезе, за кого има докази и да се соочиме во фер плеј услови. Владата донесе одлука и ги задолжи институциите уште пред шест месеци да соработуваат со нас жртвите на правосудниот систем“, рече вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 Ване Цветанов.

Поврзани новости