Цветанов: Мијалков ми побара да влечеме по 2 милиони дневно за партијата

by Фокус

Поранешниот директор на финансиското разузнавање Ване Цветанов, кој одамна се разиде со матичната партија ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон политичкиот фронт на СДСМ, вели дека екс шефот на тајната полиција од него барал да извлекуваат 2 милиони евра дневно.

-Мене лично Мијалков ми понуди во 2008 година да помогнеме и организираме една операција каде дневно би се ваделе по 2 милиони евра. И тогаш тоа го нарече донација на партијата – рече Цветанов на ТВ 24.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја присвоиле меѓународни криминалци, чија цел, според него, била злосторничко здружување да ја ограбат државата.

Поврзани новости