Цветанов до вмровците: Слушам дека од партија ви барале да ги оставите личните карти како гаранција дека нема да излезете на референдум

by fokus

Поранешниот директор на Агенцијата за спречување на перење на пари, Ване Цветанов вечерва објави дека слушнал дека ВМРО-ДПМНЕ бара од своите членови да ги остават своите лични карти и пасоши во штабот како гаранција дека нема да излезат не референдумот. Тој испрати апел до членовите на партијата.

-Да потсетам дека понижувачкиот и робовладетелскиот однос кон вас започна со фамилијата… Се сеќавате на мениците?
Се сеќавате на списоците што мораше да ги пополнувате?
Заборавивте ли како ве уценуваа со работни места? Зарем не се сеќавате како ве малтертираа да најдете по плус три гласа? А како ви беше кога секоја вечер ве шетаа со автобуси од град во град по митинзи, за да бидете само бројка?
Ги заборавивте ли сите понижувања?
Да ве потсетам!
Тоа време заврши. Веќе НЕ СТЕ СЛУГИ И РОБОВИ.
Режимот заврши, готово е. Референдумот не е парламентатни или било какви избори и борба за власт помеѓу партиите.
Референдумот е ваш глас за ЕУ и НАТО. Ваш глас за иднината на Македонија! Затоа не подлегнувајте на закани и притисоци. Барањето на лични карти е обид за трговија и пазар со нив, која секако нема да помине. Криминалците ќе си лежат!
П.С.
Не заборавајте дека вашите документи можат да бидат злоупотребени на многу начини. На осомничени криминалци не се дава документ.
Референдумот ќе успее сигурно, па и без вас, малкумина кои останавте наивно да верувате и да бидете користени.
Но да не се се случи догодина да доаѓате во Зелена Лупа и да се жалите како со вашата лична карта некој друг подигнал кредит, напиша Цветанов во апелот до членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости