ЦУК: Во 11 часот утре е закажан погреб во Штип, во 12 во Кочани, во 13 во Облешево

by Fokus

„Со длабока жалост ве информираме дека погребот на настраданите во ужасниот пожар во Кочани ќе се одржи утре (четврток, 20.03.2025 година) во следниот период:

11.00 часот на градските гробишта во Штип:

12.00 часот на градските гробишта во Кочани:

13.00 часот на гробиштата во с. Облешево.

Останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден.

Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот.

Не можам да ги опишам ужасот и тагата кои ги чувствувам. Уште еднаш изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на настраданите. Бог нека им дава сила да ја издржат оваа ненадоместлива загуба, болка и тага.

Во овие моменти на неопислива тага, траор и колективна жал ги замолувам сите граѓани за достоинствено испраќање на жртвите и разумно постапување во текот на утрешниот тажен ден“ информираат од Центарот за управување со кризи.

 

Поврзани новости