Во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имаше вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери, открива Центарот за управување со кризи.
Од нив шумски пожари беа 23 додека во останатите 461 пожар на отворен простор гореа висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума како и ѓубришта.
Вчера (петок 21.03.2025 година) имаше вкупно 28 пожари на отворен простор од кои 1 е сеуште активен а 27 се изгаснати.
Безмалку сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично).
Утрово сеуште е активен пожарот во скопската депонија Дрисла.
Останатите 27 пожари на отворен простор се изгаснати, информира ЦУК.