ЦУК: Пожарот кај Будинарци се шири со мала брзина, во појас од 200 метри

by fokus

Од Центарот за управување со кризи информираат за состојба со пожарите до 17 часот.

Извештајот го пренесуваме во целост:

-Пожарот на м.в.Бајаз Тепе се уште е активен кај на потегот с.Будинарци кон с.Разловци и се шири со мала брзина во појас со ширина околу 200 метри и истиот полесно се следи. Поради очекуваната интервенција на канадерот, хеликоптерите не дејствуваат, ангажираните екипи се дистанцираат на безбедно растојание.
Интервенираат:
– ШС Равна Река Пехчево- 30 работници и 6 теренски возила
– ШС Малешево Берово –15 работници и 4 теренски возила
– АРСМ – 100 војника и 3 хеликоптери од Р.Србија
– ТППЕ Берово – 7 пожарникари и 1 теренско возило 2 цистерни
– (ТППЕ Скопје, ТППЕ Струмица) со по 1 ПП возило и 2 пожарникари
– Помош од Бугарија – 3 ПП возила и 25 пожарникари
– ДЗС – 4 вработени и 1 теренско возило
– Рцук Берово2 вработени
– ЕВН- 6 теренски возила за превоз
– Месно население- 60 луѓе
– Екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе
– Екипа од Австрија 60 пожарникари и 20 возила

Пожарот кој започна на 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник маало Пасјак кој е заобиколен од сите страни и се пази да не се прошири. До овој момент, опожарена е површина од 1100 ( илјада и сто) хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна во атарот на селото Нов Истевник. Податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата што е на Општина Делчево. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови и во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 70 припадника на АРСМ, 25 вработени во Шумско стопанство „Голак“ од Делчево, со 4 теренски возила, ТППЕ – Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива, 5 припадник на РЦ ИСТОК со 3 теренски возило дефендери, 6 припадника на ОВР – Делчево со 3 теренско возила, ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип.Во гаснењето на пожарот се ангажирани 2 хеликоптери на АРСМ кои дејствуваат од ваздух на места каде е најкритично да не се прошири. РЦУК – Делчево со 2 вработени ТППЕ од Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР од единица Тигри со 30 вработени. Најкритично е на три места и тоа помеѓу Светата вода во атар на с.Тработивиште и Балабанско маало од Нов Истевник и Село Разловци место викано Чокалица, и село Разловци кон село Митрашинци кое е во – Беровска општина. Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот. Во ганењето на пожарот учествуваат и жители од месното население.

До овој момент пожарот што е на подрачјето на општина Делчево е заобиколен од сите страни и се внимава да не се прошири. Според ТППЕ Берово пожарот кој зафати повеќе атари во делчевско полекасе става под контрола. Пожарот се уште активен кај с. Разловци место викано Чокалица.
Интервенираат:
– 70 припадника на АРСМ,
– 25 вработени во Шумско стопанство „Голак“ од Делчево, со 4 теренски возила,
– ТППЕ – Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива,
– 5 припадници на РЦ ИСТОК со 3 теренско возила дефендери,
– 6 припадника на ОВР – Делчево со 3 теренски возило,
– ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип.
– 2 хеликоптери на АРСМ ,
– РЦУК – Делчево со 2 вработени,
– ТППЕ од Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило,
– МВР од единица Тигри со 30 вработени.
– Црвен Крст
– Месно население

Пожарот на потегот од с. Криви дол кон Кадрифаково е изгаснат во 14:45 часот. На теренот е активна екипа од АРСМ која врши обиколка и контрола на теренот. Се работи за опожаре-на сува трева, трња, смрека и помали појаси на борчиња на површина од околу 30 ха. Во интервенцијата учествувале 2 ПП мв (цистерни), 1 ПП мв џип и 11 пожарникари од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со 1 теренско возило и 2 од РЦУК Штип со џип Лада Нива и 5 мештани
Интервенираат:
11 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со теренско возило, 2 претставници од РЦУК Штип и 5 мештани.

Пожарот кај с.Богословец, општина Свети Николе кој беше проширен во атар Криви дол и село Кадрифаково Според последните информации од ТППЕ Св.Николе пожарот е локализиран и изгаснат од Св.Николска страна додека од штипска сеуште гори, но се претпоставува дека и таму за брзо време ќе биде изгаснат. Екипата е повлечена од терен. Во гасењето учествувале 8 пожарникари со 3 пп возила, 2 од ДЗС, 2 од ШС и припадници на полиција кои се останати на терен за дежурство.
Интервенирале: 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Свети Николе, 2 ШС Свети Николе со 1 теренско возило, 2 ДЗС Свети Николе.

Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под конторла. Во гаснењето на пожаротинтервенираат ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12 лица, ДЗС Прилеп и Битола 13 лица, АРМ 20 припадници, Шумско Прилеп 6 лица и месно население 1 човек
Интервенираат:
– ТППЕ Прилеп 9 пожарникари,
– Затвор Прилеп 12 лица, – ДЗС Прилеп и Битола 13 лица,
– АРМ 20 припадници,
– ШС Црн Бор Прилеп 6 лица
– месно население 1 човек
Пожарот кај с.Дамјан е локализиран околу 14.00 часот . Зафатена површина од околу 100 ха (неофицијално) точната површина дополнително ќе се утврдува. Екипите се на терен заради контрола.

Интервенираат
ТППЕ Радовиш – 1 возило Лада Нива и 5 пожарникари, ЈП „Национални шуми “ ПШС „Плачковица“ – 27 луѓе,
4 теренски и 1ПП возило, ЕЛС Конче- 1 трактор со цистерна и 5 вработени, Боров дол-Бучим со 1 екипа 1 цистерна, 1булдожер, 1 скип и 1 утоварач и 1 вработен од РЦУК-Радовиш.

Пожарот кај с.Џидимирци е активен. Гори висока сува трева и дабова шума. Пожарот зафаќа фронт од околу 1,5 км. Во гасењето учествуваат 4 луѓе со 1 теренско возило од ШС Бабуна-Велес и 5 пожарникари со едно пп возило. На лице место има и екипа од ШС Караџица-Скопје кои се дојдени од скопска страна и екипа од ТППЕ Скопје.
ШС Велес со 4 вработени со 1 теренско возило и 5 пожарникари со 1 ПП возило.
Во 13:23 часот појавен е пожар на сува трева во атар на с.Манастирец. Во гаснењето на пожарот интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Кавадарци.
6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Кавадарци.

Пожарот во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ е изгаснат, но поради високите надворешени температури сепак ќе останат дел од вработените од „Јасен“ да го обезбедуваат местото.
Интервенираат:
НП Јасен со вработени.

Во 15:30 часот започнат е пожар во атар на с.Градмаци и истиот е на тромеѓе на општините Петровец Скопје, Велес и Св.Николе. Запалена е нискостеблеста шума. Во гаснењето интервенираат 9-10 лица од ШС Караџица.
Интервенираат:
9-10 лица од ШС Караџица
Започнат е пожар во атар на с.Жељувино. Екипа од 3 пожарникари и 1 ПП возило од ТППЕ Куманово се отидени на интервенција.
Интервенираат:
3 пожарникари со 1 ПП возило

Поврзани новости