ЦУК: Пожарот кај Будинарци е се уште активен, но со намален интензитет

by fokus

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за состојбата со активни и локализирани пожари до 15 часот.

Извештајот го објавуваме во целост:

Пожарот на м.в.Бајаз Тепе се уште е активен кај на потегот с. Будинарци кон с. Разловци но со намален интензитет, без појава на ветер и истиот полесно може да се следи. На него дејствуваат веќе постоечките екипи од АРСМ, ШС Равна река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ДЗС, РЦУК Берово, месно население, како и помош од Р. Бугарија, Р. Словенија и Р. Австрија. Хеликоптерите се постојано активни и канадерот од Романија.
Интервенираат:
– АРСМ со 120 припадници;
– ШС Равна Река Пехчево со 30 вработени, со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз;
– ШС Малешево Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз;
– ТППЕ Берово со 7 пожарникари и 2 ПП возила;
– БППЗ Скопје и ТППЕ Штип и Струмица со по едно ПП возило;
– ПО ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило со цистерна;
– РЦУК Берово со 2 вработени;
– ПП екипи од Р.Бугарија со 20 пожарникари и 3 ПП возила;
– ПП екипа од Словенија со 45 лица и 17 возила;
– 60 луѓе од месното население.

Според информациите добиени од РЦУК Берово и ТППЕ Берово пожарот кој зафати повеќе атари во делчевско полека се става под контрола. Пожарот во моментов е активен кај с. Разловци место викано Чокалица. ТППЕ Делчево се наоѓаат на терен и се во состојба да го контролираат пожарот. Според информацијата од ТППЕ Делчево дел од силите за гасење по потреба се пренасочуваат кон покритичните места во беровско.
Интервенираат:
– АРСМ со 14-15 војници;
– ШС Голак Делчево со 15 вработени и 4 теренски возила;
– ТППЕ Делчево со 5 пожарникари и 1 ПП возило.

Пожарот на потегот од с. Криви дол кон Кадрифаково е повторно активен и според информациите од терен се работи за опожарена сува трева и помала површина од борчиња. На терен се наоѓаат 2 ПП мв (цистерни), 1 ПП мв џип и 11 пожарникари од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со 1 теренско возило и 2 од РЦУК Штип со џип Лада Нива. Гасењето го отежнува ветер од променлив правец.
Интервенираат:
11 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со теренско возило и 2 претставници од РЦУК Штип

Пожарот кај с.Богословец, општина Свети Николе во моментот е проширен и е активен во атар Криви дол и село Кадрифаково. Пожарот се наоѓа на граница помеѓу Св.Николе и Штип. Гори нискостеблеста шума и сува трева. Во гасењето учествуваат од ТППЕ – 4 со 1 пп возило, 2 од ШС со 1 теренско возило, и 2 од ДЗС со 1 теренско возило. Се работи да се спречи навлегување на пожарот во боровата шума.
Интервенираат: Од страна на Свети Николе: 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Свети Николе, 2 ШС Свети Николе со 1 теренско возило, 2 ДЗС Свети Николе.
Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во ниските предели е изгаснат, но во непристапните делови сеуште е активен. На терен ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12, ДЗС Прилеп и Битола 13, АРМ 20, Шумско Прилеп 6 и месно население 1 човек
На терен се ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12, ДЗС Прилеп и Битола 13, АРМ 20, Шумско Прилеп 6 и месно население 1 човек
Пожарот кај с.Дамјан е под контрола. Гори сува трева, нискостеблеста шума и дабова шума.Зафатена површина од окилу 100 ха (неофицијално).Екипите се на терен.
Интервенираат
ТППЕ Радовиш – 1 возило Лада Нива и 5 пожарникари, ЈП „Национални шуми “ ПШС „Плачковица“ – 27 луѓе,
4 теренски и 1ПП возило, 1 од РЦУК Радовиш, ЕЛС Конче- 1 трактор со цистерна и 5 вработени, Боров дол-Бучим со 1 екипа 1 цистерна,

Пожарот кај с.Џидимирци е активен. Гори висока сува трева и дабова шума. Пожарот зафаќа фронт од околу 1,5 км. Во гасењето учествуваат 4 луѓе со 1 теренско возило од ШС Бабуна-Велес и 5 пожарникари со едно пп возило. На лице место има и екипа од ШС Караџица-Скопје кои се дојдени од скопска страна.
ШС Велес со 4 вработени со 1 теренско возило и 5 пожарникари со 1 ПП возило.

Поврзани новости