Црвенковски не ги коментира шпекулациите дека ќе формира нова партија, останува на ставот да не дава изјави

by fokus

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања, изјавиле за МИА од неговиот кабинет по шпекулациите во јавоста дека планира да формира политичка партија.

Премиерот Зоран Заев овие шпекулации ги нарече приказни и рече дека не верува дека поранешниот шеф на државата и лидер на СДСМ ќе формира нова партија.

-Тоа треба дефинитивно да го прашате него, а јас тоа го кажувам заради тоа што тој е еден од основачите на СДСМ и претседател на партијата долг период. Бил премиер, а преку честа да го води СДСМ бил претседател на државата и е наш општественик. Верувам дека шпекулациите се присутни заради тоа што во Охрид се најавува нова листа од наши докажани социјалдемократи, рече Заев.

Поврзани новости