Црногорски камион удри во надвозник на патот Крива Паланка-Куманово

by fokus

Камион со црногорски регистарски таблички кој влечел приколка попладнево удрил во надвозник на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.

Од СВР Куманово информираат дека товарното возило марка „Волво“ се движело од Крива Паланка кон Куманово и во близина на населбата „Карпош“ удрило во надвозникот при што од камионот се одвоила приколката. Камионот бил управуван од српскиот државјанин А.С. (1969).

Сообраќајот е во прекин од 17 часот, а во несреќата нема повредени лица.

Поврзани новости