Црногорската опозиција на средба со Хан побара формирање техничка влада

by fokus

Лидерите на црногорските опозициски партии денеска на средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Подгорица се заложија за формирање техничка влада, како единствен начин за изнаоѓање системско решение за проблемите во земјата.

– Формирањето на техничка влада е нејдобро решение за Црна Гора, додека протестите се главна демократска институција, изјави лидерот на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Ранко Кривокапиќ по средбата со Хан.

Кривикоапиќ нагласи дека ставот на СДП е дека нема да учествува во никакви разговори за усогласување на условите за избори, се додека не биде фомрирана техничка влада, во која би доминирале претставници на граѓанскиот сектор.

Ваквиот став го поддржа и Горан Даниловиќ од партијата Обединета Црна Гора (УЦГ), кој нагласи дека во овој момент формирањето техничка влада е единствена алтернатива.

Првите луѓе на опозициската коалиција Демократски фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Небојша Медојевиќ изјавија дека на Хан му пренеле оти тие се „најпрогнуваната опозиција во Европа“.

Кнежевиќ нагласил дека во Црна Гора има политичка криза и побарал од Хан, ЕУ „да заземе јасен став за природата на режимот во Црна Гора“. – Дали овие докази за корупција и изборни кражби што се појавуваат во јавноста, не се доволни Европската комисија да заземе јасен став за природата на режимот во Црна Гора, изјави по средбата Кнежевиќ, кој е лидер Демократската народна партија (ДНП).

Поврзани новости