Црна хроника: Ограбена обложувалница, физички напад, ископан гроб

by Фокус

Кражби, напади, ископан гроб – ова е дел од билтенот што го изготви Министерството за внатрешни работи за вчерашниот ден.

Непознато маскирано лица, со помош на огнено оружје, ја ограбил спортската обложувалница „Д-Слот“ на булеварот Теодосиј Гологанов, додека на улицата Кадињаца, неколку, засега непознати лица за полицијата, претепале човек во неговиот дом.

Најбизарна од се е пријавата на жена од скопското село Ржаничинo, според која некој го освернавил гробот на нејзината баба и на нејзиниот дедо, односно била искршена надгробната плоча и бил ископан гробот на починатите.

Поврзани новости