Црна Гора влегува во НАТО

by fokus 19:18
19:18

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го потпиша инструментот на САД за ратификација на Протоколот за пристап на Црна Гора во НАТО, со што сега останува  протоколот за проширување да го верификуваат уште Холандија и Шпанија.

Сенатот на САД претходно го ратификуваше протоколот со мнозинство гласови од сенаторите од двете партии – 97 се изјаснија дека се „ЗА“, додека само двајца сенатори беа против.

- Advertisements -

Министрите за одбрана и надворешни работи на Црна Гора, Предраг Бошковиќ и Срѓан Даемановиќ најавија дека земјата би можела да учествува на самитот на НАТО во мај годинава како рамноправна членка, а формално да биде примена после тоа.

Поврзани новости