Црна Гора пак воведува полициски час

by fokus

Во Црна Гора се воведува полициски час од 21 часот до 5 часот утредента и забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, соопшти денеска директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ.

Според новите мерки на Министерството за здравство, угостителските објекти ќе бидат отворени до 18 часот.

Во Будва и Тиват, каде епидемиолошката состојба е посложена, се забрануваат јавни собири на отворено и на затворено, а угостителските објекти нема да работат, како и компаниите што се занимаваат со непрехранбени производи.

Во овие општини, како што најави Галиќ, се прекинува работата во образовните институции – градинки, училишта, факултети, и се преминува на онлајн настава.

Забранети се спортски настани, а како што рече Галиќ, мерките не се однесуваат на обука на спортисти кои редовно се тестираат.

Поврзани новости