Црна Гора од денеска, а Србија од утре го укинува ПЦР тестот за македонските граѓани

by Fokus

Македонските државјани од денеска повторно можат да влезат во Црна Гора без да приложат задолжителен ПЦР тест, а од 14 јануари истите услови важат и за влез во Србија.

Министерката за здравство на Црна Гора Јелена Боровиниќ-Бојовиќ информираше дека била донесена одлука влезот во Црна Гора да биде без задолжително тестирање на коронавирус. Српската премиерка Ана Брнабиќ во телефонски разговор го информирала премиерот Зоран Заев дека од задутре за влез во Србија се укинуваат задолжителните ПЦР-тестови за државјаните на Македонија.

-Со тоа повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, велат од влада.

Србија воведе задолжителен негативен ПЦР-тест за сите странци и нивни државјани кои влегуваат на нејзина територија од 20 декември 2020, која требаше да трае до 10 јануари.

Досега македонските државјани без ПЦР тест можеа да влезат само во Албанија и Косово. Од соседните држави, влезот во Бугарија е дозволен со ПЦР тест, а грчката граница за македонските граѓани е затворена. Кон крајот на декември минатата година Турција воведе негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за сите странски државјани кои ќе влезат во таа земја, додека за транзит тест не е потребен.

Поврзани новости