Црна Гора и Северна Македонија да проговорат за Голема Албанија, смета српскиот министер за одбрана

by fokus

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин ги повика денеска Црна Гора и Северна Македонија „да се охрабрат и да проговорат за Голема Албанија како најголемо зло и закана за мирот на Балканот, што се заканува и на иднината и на нивните деца, а не само на српските“.

– Ако Европа брзо не сфати дека голема Албанија е најголемото зло и најголема закана за мирот на Балканот, ќе дочека воениот пожар да се рашири низ целиот Балкан. Не дозволувајте не осудените терористи, бидејќи бегаат од казнување, да го запалат целиот Балкан. Одговорноста повеќе не е на Србија и на Србите. Ова се предупредувања кои повеќе не може да се игнорираат, изјави Вулин.

Поврзани новости