Црн рекорд: Починаа 26 пациенти од корона вирус

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа како последица од корона вирусот починати се 26 лица.

Четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г).

Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Поврзани новости