Цревен вирус ја „покоси“ Академија Пандев

by fokus

Македонскиот прволигаш се соочува со сериозни проблеми, поради вирус кој „покосил“ голем дел од првотимците на струмичката екипа.

Медицинскиот тим ќе се обиде да оспособи дел од нив за денешниот меч со Славија Софија, кој се игра во 16 часот.

Играчите Марко Алчевски, Кристијан Стојкоски, Томче Илиев, Давид Атанаскоски, Михаил Маневски, Глигор Дончев и Ѓорги Танушев имаат цревен вирус и се надвор од тренежниот процес.

Медицинскиот персонал прави напори за што побрзо враќање во нормалниот тренажен процес.

Поврзани новости