ЦОП Славеј му подари инвалидска количка на Александар Велески

by Фокус

Центарот за ортотика и протетика Славеј, на иницијатива на група хумани граѓани, денес му подари спортска инвалидска количка на Александар Велески, кој боледува од церебрална парализа, неопходна за задоволување на основните потреби како и за подготовките за параолимписките квалификациони натпревари закажани за Охрид во текот на месец мај.

„Покрај сите тешкотии со кои се соочува, Александар го следи својот сон и секојдневно напорно се подготвува. Заедно со семејството, негова огромна поддршка е и кучето Бен кое го придружува во секојднените тренинзи покрај кејот на Вардар, па кога Александар ќе се умори, Бен е тој што ја влече количката. Александар досега немаше можност за нова количка, но солидарноста на неговите сограѓани и хуманоста на Славеј се покажа на дело. Затоа два дена по иницијативата Александар има можност да продолжи со остварувањето на својот сон – да стане дел од македонскиот тим на параолимписките игри“, стои во известувањето на Славеј.

Семејството изрази огромна благодарност до сите кои ја споделија и поддржаа оваа иницијатива особено до ЦОП Славеј кој веќе години наназад го поддржува Александар во борбата за нормално функционирање и живеење.

Поврзани новости