Цивил: Возила од Пустец во Бутел и во Аеродром

by Фокус 13:27
13:27

Набљудувачите на „Цивил“ информира дека денеска забележале гласачи од Пустец во многу општини низ Скопје

Повозрасниот човек на фотографијата гласал во Аеродром во училиштето „Браќа Миладиновци“, а организирано со автобус и со комбе гласачи од Пустец биле носени и во Бутел.

- Advertising -

Според „Цивил“ во Кисела вода гласач од Пустец се обидел да гласа иако бил обележан на двата палци со мастило. Откако реагирале од избирачкиот одбор тој избегал, а истото се случило и во едно гласачко место во Центар.

Од невладината информираат дека исто така многу слични случаи има и во во Ресен, каде гласачите од Мала Преспа се носени со автобус, а потоа биле разнесувани со автомобил низ градот. Гласачи од Пустец имало и во Кичево.

Поврзани новости