„Цивил“: Во Велес 1.000 гласачки ливчиња повеќе

by Фокус 13:33
13:33

Па така, според „Цивил“, веселата математика била направена од две официјални институции, ДИК и општинската изборна комисија на Велес, кои преброиле различен број на гласачи. Според податоците на ДИК, во Велес право на глас имаат 45.441 граѓани, а според општинската изборна комисија се заведени 46.648 граѓани.

-Опасноста е во тоа што на гласачките места е испратен изборен материјал според податоците на општинската изборна комисија, а тоа е за околу 1.000 гласачки ливчиња повеќе, рече Џабир Дерала, од невладината организација „Цивил“.

- Advertising -

Според Уранија Пировска, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, ова претставува можност за манипулација, поради што, според неа, ДИК може да го повтори гласањето во Велес.

Поврзани новости