„Цивил“: Тарчуловски има намера да ги залоупотребува јавните ресурси како да се негова приватна сопственост

by fokus

Невладината организација „Цивил- Центар за слобода“ остро реагира и го осудува ставот на Јохан Тарчуловски, објавен во видео снимката, каде во својство на кандидат за градоначалник на скопската општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се заканува дека нема да прави одвод и канализација за оние населби во општината кои нема да гласаат за него.

„Како општината и јавните ресурси да се негова приватна сопственост! Ваквиот став претставува директен, јавен притисок врз гласачкото тело и не смее да се толерира. Тарчуловски искажува очигледен, дискриминаторски став и говори за јасна определба и намера да се злоупотребуваат општинските ресурси за спроведување политичка одмазда против граѓанките и граѓаните кои не се негови истомисленици“, велат од „Цивил“.

Од таму додаваат дека е уште полошо тоа што ВМРО-ДПМНЕ застана во негова одбрана.

„Наместо да се огради од ваквиот настап на својот кандидат за градоначалник, па дури и да го повлече, што би бил знак за висока политичка доблест, излегува во негова одбрана и притоа дополнително ги напаѓа своите политички противници. Со ова, партијата која го кандидира овој поранешен осуденик за воени злосторства, јасно се декларира дека ги застапува политиките и практиките на дискриминација, политичка одмазда и злоупотреба на јавните ресурси“, посочуваат од невладината.

Поврзани новости