Ваква информација од загрижени граѓани стигнала во невладината организација „Цивил“, од каде што додадоа и дека на овие избирачки места воопшто не биле присутни полицајци.
За разлика од овие гласачи, кои неколку пати добиле шанса да го заокружат гласачкото ливче, има и такви кои биле спречени да го остварат своето граѓанско право, бидејќи ги немало на избирачкиот список. Покрај овие нерегуларности, на повеќе избирачки места низ државата било забележано и групно и семејно гласање.