ЦИВИЛ: Регистрирани над 140 случаи на нерегуларности

by fokus 15:13
15:13

Над 140 случаи на нерегуларности и сериозни прекршоци во кои изборниот законик очигледно не се почитува биле забележани од организацијата ЦИВИЛ, која ги набљудува изборите.

„Ние во овој момент како 0рганизација кооја ги набљудува изборите, можеме да кажеме дека изборниот молк во моментот не постои, буквално насекаде гласачи не можат да се најдат на избирачкиот список, над 1000 граѓани не успеаа да го остварат своето право на глас. Дури и еден лидер на политичка партија ни се јави да го окарактеризира изборниот процес како проблематичен, секој втор член од неговото семејство го немало на списоците“, изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ на прес конференција.

- Advertisements -

Од организацијата велат дека нивните набљудувачи регистрирале дека изборниот молк не се почитува во Скопје но и во други рурални средини.

„Има сериозен пристиок врз граѓаните и граѓанките по телефон и на улица. Забележано е семејно и групно гласање, организирано гласање, поткуп на гласачите, дојави од граѓаните, агитација, притисоци врз гласачите, сериозни попречување на набљудувањето и гласањето. Во општинските изборни комисии им кажуваат на граѓаните дојдете на следните избори да гласате во Радовиш, Куманово и неколку места во Скопје. Регистрирани се и фотографирања на ливчињата“, вели Дерала.

Поврзани новости