Цивил: Поткуп кај затвореници со обланди и со бричови

by Фокус 13:32
13:32

Исто како и на првиот круг од претседателските избори, притвореникот З.Т. кој е обвинет за случај познат во јавноста, а е во притвор во прилепскиот затвор, повторно го нема на избирачкиот список и не може да го оствари своето право на глас, информира Цивил.

Според информациите, лицето е во притвор веќе 2 години, од кои 8 месеци во прилепскиот затвор, а сепак, во избирачкиот список тој се води на домашната адреса.

- Advertising -

„И поκρај тоа што си земаа обвρсκа надлежните да ја испρават гρешκата, тоа повторно не беше направено. Се вадеа деκа од нивна стρана се е стоρено. Лани гласав во истражниот затвор во Шуто Оризари, а оваа година, споρед сопρугата, ме имало во избирачкиот списоκ во местото κаде што живеам“, вели З.Т.

Цивил констатира и недоследности при гласањето во штипскиот затвор, каде што, според нивните информации, на затворениците им било сугерирано за која политичка партија и за кој кандидат да гласаат. Според Цивил, дел затвореници биле поткупувани да гласаат за одредена политичка партија, а како награда добивале сапун, две обланди и по два жилети за бричење.

Набљудувачот на Цивил денеска не бил пуштен да влезе во затворот во Штип, со образложение дека потребна е дозвола од Управата за извршување на санкции.

За првиот круг од претседателските избори, Фокус веќе информираше дека затворениците биле поткупувани со 100 грама кафе, сок и наполитанка.

Поврзани новости