ЦИВИЛ: Политички активисти им забранувале на жители на Богданци да гласаат на референдумот

by fokus

Центарот за слобода ЦИВИЛ информира дека од активисти на политичка партија се врши притисок на жителите на Богданци да не излегуваат на рефенредумот или да гласаат за продолжување на работата на рудникот „Казандол“.

„Набљудувачите на ЦИВИЛ дознаваат дека во текот на вчерашниот ден, повеќе граѓанки на општина Богданци добиле повици од активисти на одредена политичка партија да не излезат на денешното референдумско изјаснување или да се изјаснат во полза на отворање рудници, односно продолжување на работата на рудникот во Казандол“, соопшти ЦИВИЛ.

Набљудувачите на ЦИВИЛ забележиле десетина случаи на граѓанки и граѓани кои не можат да се најдат на Избирачкиот список.

Според ЦИВИЛ на 12 избирачки места до 15.15 часот гласале 2,686 гласачи, што е 38,9 отсто од запишаните гласачи.

Иницијативата „Спас за Богданци“ е поддржана од општинскиот совет, односно од сите партии.

Право на глас имаат околу 7.000 жители, кои ќе можат да гласаат на 12 избирачки места и да се изјазнат за или против на двете референдумски прашања: „Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање рудници на територијата на општината?“.

Поврзани новости