Цивил: Еден глас за 500 денари!

by lali 11:53
11:53

Семејно гласање, поткуп на гласачи за 500 денари по глас, организиран превоз на гласачи и нерегуларности во избирачкиот список се само дел од забелешките на невладината Цивил констатирани до 12 часот.

Најфрапантен пример е забележен во Радовиш, Ромско маало, каде што лице гласало за најмалку 30 граѓани кои се пријавиле дека се неписмени. Изборната комисија го дозволила ова. Забележано е читање на имињата на гласачите на глас на избирачки места во Богданци, Прилеп и во Куманово. Во Сопиште еден маж гласал за две жени. Во Шуто Оризари, исто како и за првиот круг од претседателските избори, забележано е разнесување на гласачи со обележани, нумерирани возила.

Во Аеродром и во Гази Баба забележани се колони од по 20 возила полни со гласачи.

- Advertising -

Повторно се евидентирани проблеми со мастилото при гласањето – голем број граѓани пријавиле дека мастилото им се брише веднаш по гласањето, дури и со обична вода.

Во Струмица забележан е и поткуп на гласачи – лица делеле по 500 денари за глас за парламентарните и по 500 денари за претседателските избори.

Утринава до невладината Цивил пријавени се и голем број забелешки во однос на разнесување промотивен материјал за време на изборниот молк.

Цивил констатира и голем број проблеми околу избирачкиот список. Во Аеродром, еден гласач бил заведен на избирачкиот список да гласа за претседателските избори, но не и за парламентарните.

На избирачкиот список во Драчево регистрирани се дека има починати лица на претседателскиот список, а истите ги нема на парламентарните. Ова е забележано на 4 избирачки места.

Целата прес-конференција на Цивил можете да ја погледнете на следното видео:

Поврзани новости