ЦИВИЛ: Пет лични карти му паднале од џеб на гласач во Кисела Вода

by Фокус 17:43
17:43

Невладината организација „Цивил“ денеска по четврти пат излезе со низа нерегуларности од поткуп на гласачи па се до напад врз граѓаните, кои излегле  да го остварат своето гласачко право на петите по ред претседателски избори. На вонредната прес – конференција, Џабир Дерала го наброи неправилностите што се случувале во текот на целиот ден.

– Од час во час расте бројката на неправилности на изборите во текот на целиот ден. Во скопската општина Кисела Вода на едно лице од џебот му паднале пет лични карти. Исто така, забележано е групно или семејно гласање, потоа се чекале гласачите пред гласачките места и ги евидентирале за кого ќе гласаат. Во училиште во Карпош, скопјанка кога отишла да гласа, забележала дека некој веќе гласал наместо неа. Во Делчево, функционер на локалната самоуправа  бил фатен како дава пари на гласач за да гласа за една партија – истакна Дерала.

- Advertising -

Поврзани новости