ЦИВИЛ: Незаконска е донацијата на скапоцените лустери од „Белата палата“ за црквата во Љубанци

by Fokus

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро реагира по информацијата која пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен осуденик за воени злосторства, Јохан Тарчуловски, ја пласираше во јавноста за донацијата која ја направила неговата партија во црквата св. Никола во селото Љубанци.

– Според информацијата што Тарчуловски ја сподели со јавноста, ВМРО-ДПНМЕ на оваа црква ѝ ги донирала луксузните лустери од седиштето на партијата, чија изградба е поврзана со многу контроверзии, како и со кривични постапки. Доколку оваа информација од пратеникот Тарчуловски е точна, ЦИВИЛ ги потсетува јавноста и институциите дека сиот движен и недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат со судска одлука, поради постоењето на два судски предмети кои се однесуваат токму на имотот на партијата, стои во реакцијата.

ЦИВИЛ нотира и дека се работи за донација за време на изборна кампања, што е спротивно на законите.

ЦИВИЛ од надлежните институции бара да го разгледаат целиот случај и да констатираат дали партијата со оваа го прекршува Изборниот законик и низа други законски одредби.

Поврзани новости