ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

by fokus

Центар за слобода ги охрабрува институциите, особено Основното јавно обвинителство, да продолжат да работат во насока на заштита на новинарите и на медиумските работници. Оваа заложба не смее да застане на една и единствена пресуда, стои во соопштението од ЦИВИЛ по повод денешното одбележување на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста за насилството врз новинарите.

Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста за насилството врз новинарите се одбележува, се посочува во соопштението, со само една пресуда за вкупно 54-те напади врз новинарите во последните пет години.

– Казната од шест месеци затвор за Матија Каников, кој на протестите на движењето „За заедничка Македонија“, ја нападна новинарската екипа на А1 Он, е првата пресуда со која напаѓач на новинар во Македонија е осуден на затворска казна, со што се прекина повеќедецениската политика на неказнивост за напади врз новинари, се подвлекува во соопштението.

ЦИВИЛ – Центар за слобода уште еднаш, во пресрет на денешното одбележување на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста за насилството против новинарите, ја поздравува оваа одлука на судот, како јасна порака дека системот не смее да толерира насилство врз новинарите.

Истовремено, посочуваат одЦИВИЛ, ваквата пресуда влијае позитивно и на зголемување на безбедноста на новинарите, која е основен предуслов за тие слободно, непристрасно и без страв да истражуваат и известуваат.

– Системот мора да покаже и докаже дека ги штити основните човекови права и слободи, како што е слободата на говор!, стпо во соопштението.

Поврзани новости