„Цивил“: Кочанец гласал со седум лични карти

by Фокус 17:25
17:25

Во Ромското мало во Кочани, од невладината организација „Цивил“ забележале бројни нерегуларности, а набљудувачите биле сведоци како еден гласач, со име Јашари, гласал дури седум пати, со седум лични карти, кои ги држел во рацете.

Покрај овој случај, на ова избирачко место имало и случаи на семејно гласање, односно своето гласачко право, истовремено го остварувале мажите со своите сопруги.

- Advertisements -

На ова изборно место имало и организиран превоз, односно дел од гласачите биле носени на гласање со трактор. Покрај организираниот превоз, дел од овие граѓани добиле и по 500 денари, доколку гласаат за одредена политичка партија и претеседателски кандидат.

Поврзани новости