ЦИВИЛ: Фантомите мигрираа од една на друга адреса

by fokus

Невладината „Цивил“ денеска одржа прес конференција пред ДИК на која соопшти дека  т.н. фантомски гласачи не се целосно избришани од списокот, туку дека само мигрирале од една на друга адреса.

-И по сите теренски и софтверски вкрстувања, ние имаме огромен број на луѓе кои едноставно исчезнаа од избирачкиот список. Фантомите не се избришани туку само мигрираа од една на друга адреса. Од 5 до 8 декември во „Цивил“ дојдоа повеќе од 600 повици од револтирани граѓани кои не можат да се најдат во избирачкиот список. Ние документиравме 104 граѓани и граѓанки и документите ќе ги доставиме до ДИК и ќе побараме да им се регулира правото на глас. Според нашите анализи, очекуваме голем број проблеми и голем број на граѓани да не можат да се најдат на избирачкиот список онаму каде што со години живеат и гласаат, рече Џабир Дерала од Цивил.

Една од избришаните од Избирачкиот список е Маја Ивановска од Цивил на која од ДИК и рекле дека ништо не може да направат затоа што списокот бил заклучен.

-Јас најверојатно нема да го остварам своето право на глас в недела. При првото прочистување на избирачкиот список, забележав четири фантоми на мојата адреса кои уредно ги пријавив. Тие фантоми беа избришани, но на мојата адреса имав еден нов фантом и го пријавив и тој. На последната проверка, пред три дена, фантомот остана, а сите тројца членови на моето семејство ги нема повеќе на мојата адреса. Се обратив до ДИК, а одговорот оттаму е дека списокот е заклучен и дека ништо повеќе не може да се направи, вели Ивановска.

Поврзани новости