Цивил до ДИК: Помогнете им да гласаат избирачите што ги нема на список

by fokus

Повеќе од илјада гласачи досега не успеале да гласаат затоа што ги нема во избирачкиот список, забележале набљудувачите на граѓанската организација „Цивил“. Ова, според нив, е и најголемиот проблем од утрово, иако се забележани и многу други нерегуларности, јави Телма.

Нивните набљудувачи забележале и дека, гласачите кои не се најдени во избирачкиот список, не знаат што да прават понатаму. Членовите на Избирачките одбори не знаат каде да ги упатат или, пак, ги упатуваат во Општинските изборни комисии, кои, пак, им велат дека не можат да сторат ништо за нив. Апелираат до Државната изборна комисија, да се обидат да им помогнат на овие гласачи, да го остварат своето гласачко право.

Поврзани новости