ЦИВИЛ бара пребројување на гласовите и ревизијата на неважечките ливчиња

by fokus

Центарот за слобода –ЦИВИЛ кој ги следеше изборите, бара повторно и целосно да ги пребројат гласовите во сите изборни единици. Освен тоа, граѓанската организација бара ДИК да спроведе повторно гласање на 30 избричаки места, на кои биле регистрирани сериозни повреди на гласачкото право.

По ова, според ЦИВИЛ, изборниот резултат може драстично да се промени.

– ДИК да овозможи увид во пребројувањето на гласовите, ревизијата на неважечките гласачки ливчиња и во избирачкиот материјал на заинтересираните домашни и странски набљудувачи. МВР да ја провери процедурата за издавање лични карти во Охрид, на самиот изборен ден и во Прилеп, на ден пред изборите – велат од ЦИВИЛ.

Од преработените извештаи на набљудувачите, невладината регистрирала 495 случаи неправилности од различни категории: притисоци, уцени, закани, поткуп на гласачи, насилство, злоупотреба на малолетници, прекршување на изборниот молк, како и семејно и групно гласање.

Поврзани новости