Циц славеше 60-ка и пишман-аболиција!

by fokus 10:59
10:59

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски вчера славеше јубилеен шеесетти роденден во кумановски локал, во друштво со блиски пријатели и сопартијци.

Со славеничка торта, балони во облик на бројот шеесет, песните на Нино Величковски и  голем огномет, тој освен роденден, ја прославил и одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за ,,пишман,, аболиција, која што ја пренесоа медиумите токму во времето додека траела роденденската забава на градоначалникот.

,,Атмосферата беше весела, баш роденденска, а кога се прошири веста дека претседателот се пишманил за својата ,,бетонска,, одлука за аболиција и сосема ја повлекол, нормално дека сите присутни уште повеќе се расположија. Во исто време се славеше роденден и ,,пишман,, аболиција! ,, – ни раскажа вработен во општината, кој што бил еден од гостите на роденденот.

- Advertising -

По сечењето на тортата, славеникот и останите гости заминале на протестот на Шарената револуција.

zoran damjanovski1

Инаку, Дамјановски веќе по трет пат е на функцијата градоначалник на Куманово. Доктор гинеколог е по професија, сопруг и татко на три деца.

Поврзани новости