Ципрас: Решението мора да биде „ерга омнес“, при крај сме со преговорите

by fokus

По три часа откако почна средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, тие сега даваат заедничка изјава.

-Балканот помина многу поради национализмот. Потребно е да има агенда на соработка и развој. Би правеле исчекор напред за обезбедување стабилност. Ова е позицијата на Грција, како сила на стабилност на Балканот и затоа одиме напред кон наоѓање решенија. Денеска знам дека многу луѓе не гледаат, некои со скептицизам некои со надеж и сакам да им покажам дека и двајцата ние сакаме да ги решиме работиме со прагматизам и одговорност. Го кажувам бидејќи не само што сакаме д го решиме спорот, туку и сакаме односите да ги поставиме на меѓусебно почитување и прво треба да се избориме против иредентизмот. Зоран ме информираше дека е подготвен да подготвен да преземе иницијативи. Од моја страна изјавувам дека ќе ги подржам иницијативите. Мора да најеме решение на сите наши отворени прашања. Но, морам да нагласам дека мораме да најдеме ерга омнес и во оваа рамка се согласуваме дека преогровачкиот процес се приближува кон крајот. Уште еднаш сакам да му се заблагодарам на премиерот, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

 

Поврзани новости