Ципрас: ќе мора да одиме на избори, ако немаме гарантирано мнозиноство

by Фокус

На вонреден конгрес во септември СИРИЗА ќе одлучи за нејзината позиција во однос на договорите со кредиторите,но и за можни предвремени избори Тоа беше прифатено како решение од Централниот комитет на грчката радикална левичарска партија доцна синоќа.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се закани со распишување предвремени избори поради внатрешните судири во партијата, обвинувајќи ги дисидентите во СИРИЗА дека се обидуваат да манипулираат со резултатите од неодамнешниот референдум.

Во пресрет на состанокот на централниот комитет на владејачката партија, Ципрас упати остри критики до партиските радикали, кои не ја поддржаа владата при гласањето за најновиот пакет мерки за штедење. Пакетот предвидува серија строги мерки за штедење, од кои повеќето беа отфрлени од СИРИЗА пред да дојде на власт. Во меѓувреме, Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека не ја менува кредитната линија за Грција, каде што се очекува берзата да биде отворена во текот на наредните денови, по речиси едномесечно неработење, пренесуваат светските медиуми.

-Ако имавме гарантирано мнозинство во парламентот, тогаш јас сум последниот човек што би сакал избори. Сепак, доколку немаме, тогаш ќе мора да одиме на избори. Мора да се почитуваат колективните одлуки. Секој што не сака да ги почитува треба да го отстапи местото – предупреди Ципрас.

Поврзани новости