Ципрас: Фашизмот и нацизмот се потпираат на инстинкти, затоа се моќни

by fokus

Фашизмот и нацизмот се нехумани идеологии, но, се моќни, бидејќи се потпираат на инстинкти, а во услови на војна, инстинктот за преживување се зајакнува, порача на маргините на Мировниот форум во Париз грчкиот премиер Алексис Ципрас.

-Ултрадесничарите и националистите имаат свој план, кој е јасен и безвременски. Да се подели општеството, да се цели кон одредена група луѓе, да се негува стравот и да сеповика на национална гордост, која важи само за избраните, изјави грчкиот премиер, истакнувајќи дека се соочуваме со „историско дежа ви“.

Ципрас додаде дека по војната меѓу поразените преовладувал инстинктот за одмазда и оти токму тоа го искористиле тогашните демагози.

Тој истакна оти денес треба да се направи споредба и да се бори за Европа и покрај разликите, бидејќи „историјата не може да чека и кога се повторува, да биде многу сурова кон нас“.

-Европа е повторно изградена по две светски војни, заснована на социјална правда, заштита на работниците, еднаквост на половите, унапредување на инфраструктурата, како и мир и соработка меѓу народите, додаде тој.

Поврзани новости