Цензусот постигнат, до 18,30 часот гласале 44,5 отсто

by fokus

До 18.30 часот своето избирачко право го искористиле 795,577 гласачи, или 44,5 отсто од граѓаните запишани на избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија.

Со тоа е постигнат цензусот од 40 отсто за избор на претседател на државата во вториот круг од изборите.

Како што соопштија од ДИК поголема излезност има во следниве градови: Битола 53,26 %, Вевчани 65,23 %,  Гевгелија 66,17 %, Демир Хисар 67,12 %, Дојран 65,52 %, Кавадарци 61,15 %, Карпош 55,91 %, Крива Паланака 70,49 %, Крушево 66,97 %, Македонски брод 66,87 %, Неготино 65,21 %.

Поврзани новости