Централен одбор на СДСМ, почнува постапката за избор на кандидати за изборите

by fokus

Централниот одбор на владејчката СДСМ вечер на седница ќе разговара за роковниците, правилниците и постапките за кандидирање кандидати за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април годинава.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев информира дека утврдувањето на кандидатите треба да заврши меѓу 10 и 15 март. Партијата, како што изјави, има многу новини во постапката за кандидатите и нивната селекција.

– Ние сме демократска партија, кандидирањето почнува од базата. Тоа значи секој месен одбор на ниво на избирачко место има право да кандидира кандидати од самите локални заедници од каде што доаѓаа, така и од регионите. Тоа е само почеток на постапката што треба да заврши некаде меѓу 10 и 15 март, каде ќе бидат утврдени самите кандидати, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при учеството на дебатата „Шанси, очекувања и предизвици за стопанството во 2020“, што ја организираше Делегацијата на германското стопанство во државата.

Потенцирајќи дека имаат многу новини во постапките и посебни селекции, помогнати од странски експерти рече дела сакаат кандидатите кои ќе ги одберат да дадат ново светло на независноста на Парламентот во периодпт што претстои. – Тоа се исчекори во демократијата на нашата земја што ќе бидат од помош секако на сите во општетсвото. При вакви постапки многу е важно да го слушнеме гласот на граѓаните, да кажеме што мислат кои се нивните најдобри претставници во целиот процес и затоа за нас се многу важни тие постапки, рече Заев.

Поврзани новости