Цените на нафтата пораснаа поради послабиот курс на доларот

by Fokus

Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот пораснаа поради послабиот курс на американската валута, откако малку се урамнотежија стравувањата на вложувачите во врска со недоволната понуда со нивните очекувања дека ќе растат американските каматни стапки притиснати од слабиот економски раст и последично и побарувачката за горива.

Цената на барелот на лондонскиот пазар во понеделникот порасна за 79 центи во однос на претходното затворање на пазарот, на 103,99 долари. Со барелот на американскиот пазар се тргуваше по 82 центи повисока цена, од 95,52 долари.

Терминските цени на нафтата беа нестабилни последните седмици додека трговците балансираа меѓу очекувањата на натамошно зголемува на каматните стапки, што би можело да ги ослабе економските активности и со тоа да го намали растот на глобалната побарувачка на горива, и стравот дека понудата на нафтата не е доволна поради нарушувањата во тргувањето со руската нафта по западните санкции.

 

Поврзани новости