Цената на златото ќе продолжи да расте

by fokus

Цената на златото на почетокот од месецот го помина прагот од 2.000 долари за унца, ниво што не е забележано од септември 2011 година.

Според аналитичарите цената на златото ќе продолжи да расте.

– Многу лесно цената на златото може да достигне 4.000 долари, изјави главниот извршен директор на инвестициската компанија „Американски глобални инвеститори“ (US Global Investors), Френк Холмс.

Тој додаде дека се впумпуваат билиони долари во финансиските текови со цел да се пружи поддршка на американската економија за време на пандемијата со Ковид-19. Холмс потенцира дека министрите за финансии на Г-20 и централните банки „заедно работат како картел и сите печатат илјадници милијарди долари“.

– Никогаш досега не сме виделе централните банки да печатат толкаво количество пари по нулта каматна стапка. Со нула камати, златото станува многу, многу атрактивен првокласен имот, посочи Холмс.

Додека главниот стратег за инвестиции во компанијата за управување со богатството БМО, Јунг-ју Ма се согласува дека постојат бројни фактори кои го поттикнуваат понатамошниот раст на цената на златото. Тој истакна дека два големи настани во престојниот период би можеле да го сменат правецот на движење на цената на златото.

Поврзани новости