Цената на нафтата во пораст од oсум проценти

by Fokus

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за 8 проценти за само една недела.

Тоа претставува рекордна вредност на цената на „црното злато” во последната година.

Причината за овој раст се должи на најавата на Саудиска Арабија, дека дополнително ќе го намали производството за еден милион барели дневно во февруари и март, како дел од договорот на повеќето производители на нафтени организации (ОПЕК) и нивните сојузници.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела, скокна за 8,1 процент на 55,99 долари, додека на американскиот пазар за еден барел порасна за 7,7 проценти, на 52,24 долари.

Поврзани новости