Целосно изгоре автомобил на патот Охрид-Ресен

by fokus

Патничко моторно возило марка „пежо“ со струшки регистарски таблици се запалило денеска на патот Охрид – Ресен, кај селото Кружје.

Ресенската противпожарна единица за МИА информира дека нема повредени лица, а возилото е целосно уништено.

– Несреќата се случила околу 12 часот. Интервениравме со две возила и тројца пожарникари. Возилото беше целосно опожарено, а луѓето беа настрана, изјави дежурниот пожарникар.

Поврзани новости