Цело село – вмровски град!

by fokus 14:26
14:26

Во општината Пробиштип:
– во избирачкото место број 1541 кое го опфаќа селото Дренок, на изборите излегле само шест избирачи од кои двајца гласале со неважечки ливчиња, а другите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Сите други партии добиле по нула гласови.
– во избирачкото место број 1546 кое го опфаќа селото Куково, на изборите излегле шест избирачи и сите шест гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1549 кое го опфаќа селото Пестршино, на изборите излегле само четири избирачи и сите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1556 кое го опфаќа селото Гризилевци, на изборите излегле само пет избирачи и сите петмина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1563 кое го опфаќа селото Долно Барбарево, на избирачкиот список има запишано само тројца гласачи, од кои само еден излегол да гласа на овие избори и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Кочани:
– во избирачкото место број 0868 кое го опфаќа селото Јастребник, на изборите излегле само тројца избирачи и сите тројца гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Иако се запишани 23 гласачи во тоа избирачко место, од нив 20 на овие избори апстинирале.
– во избирачкото место број 0873 кое го опфаќа селото Рајчани, на изборите излегле девет избирачи и сите деветмина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0893 кое го опфаќа селото Безиково, на изборите излегле само двајца избирачи и сите двајца гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Иако се запишани 10 гласачи во тоа избирачко место (кое според пописот од 2002-та има само 8 жители), од нив 8 на овие избори апстинирале.

- Advertising -

Во општината Кратово:
– во избирачкото место 0904 кое го опфаќа селото Кнежево, на изборите излегле само 22 избирачи и сите 22 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
-во избирачкото место 0929 кое го опфаќа селото Којково, на изборите излегле само седум избирачи и сите седуммина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
-во избирачкото место 0903 кое го опфаќа селото Емирица, на изборите излегле само тројца избирачи и сите тројца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Старо Нагоричане:
– во избирачкото место број 1155 кое го опфаќа селото Аљинце, на изборите излегле само 11 избирачи и сите 11 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1167 кое го опфаќа селото Цвиланце, на изборите излегле само 23 избирачи и сите 23 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Штип:
– во избирачкото место број 2287 кое го опфаќа селото Судиќ, на изборите од вкупно запишани 5 избирачи, само еден излегол да гласа и тој еден очигледно својот глас го дал за ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека во ова село немало „групно гласање“.
– во избирачкото место број 2310 кое го опфаќа селото Горачино, на изборите излегле 12 гласачи, од кои еден уфрлил неважечко ливче, но другите 11 сите гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Петровец:
– во избирачкото место број 2390 кое го опфаќа селото Брезница, на изборите од вкупно запишани 5 избирачи, само 4 излегле да гласаат, и сите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Зелениково:
– во избирачкото место број 2371 кое го опфаќа селото Градовци, на изборите од вкупно запишани 8 избирачи, само 4 излегле да гласаат, и сите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Велес:
– во избирачкото место број 2207 кое го опфаќа селото Ораовец, на изборите од вкупно запишаните 13 избирачи, дури 10 од нив излегле да гласаат, и сите десетмина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Куманово:
– во избирачкото место број 1134 кое го опфаќа селото Кокошиње, на изборите од вкупно запишани 22 избирачи, само 7 излегле да гласаат, и сите седуммина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1137 кое го опфаќа селото К’шање, на изборите од вкупно запишани 34 избирачи, само 12 излегле да гласаат, од нив двајца уфрлиле неважечки ливчиња, а другите десет сите гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Чашка:
– во избирачкото место број 2233 кое ги опфаќа селата Ново Село и Крива Круша, на изборите од вкупно запишани двајца избирачи, само еден од нив излегол да гласа, и тој гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
* Во оваа општина се наоѓа и селото Ореше, актуелно по настаните кои доведоа во крајна линија до затворањето на новинарот Томислав Кежаровски. Во ова село гласачите гласаат во избирачкото место број 2214, во кое има запишано 139 избирачи, од кои гласале дури 129 на овие избори, при што еден гласал со неважечко ливче, еден гласал за СДСМ, двајца гласале за партијата Достоинство и останатите дури 125 сите гласале за ВМРО-ДПМНЕ!

Во општината Радовиш:
– во избирачкото место број 1607 кое го опфаќа селото Шипковица, на изборите од вкупно запишани четири избирачи во избирачкиот список, сите четворица излегле да гласаат, и сите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Конче:
– во избирачкото место број 1614 кое ги опфаќа селата Долни Радеш и Скоруша, на изборите од вкупно запишани двајца избирачи во избирачкиот список, еден излегол да гласа, и тој гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1616 кое го опфаќа селото Гарван, на изборите од вкупно запишани пет избирачи во избирачкиот список, тројца излегле да гласаат, и сите тројца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Струмица:
– во избирачкото место број 1832 кое го опфаќа селото Орманли, на изборите од вкупно запишани 15 избирачи во избирачкиот список, шестмина излегле да гласаат, и сите шест гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Демир Капија:
– во избирачкото место број 1248 кое ги опфаќа селата Барово, Драчевица и Стрмашево, на изборите од вкупно запишани 13 избирачи во избирачкиот список, осуммина излегле да гласаат, и сите осум гласачи од овие три села гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Неготино:
– во избирачкото место број 1230 кое го опфаќа селото Горни Дисан, на изборите од вкупно запишани 4 избирачи во избирачкиот список, двајца излегле да гласаат, и сите двајца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Прилеп:
– во избирачкото место број 1422 кое го опфаќа селото Плетвар, на изборите од запишаните 11 избирачи, на гласање излегле четворица и сите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ .
– во избирачкото место број 1426 кое ги опфаќа селата Топлица и Тројаци, на изборите од вкупно запишани 8 избирачи во избирачкиот список, само двајца излегле да гласаат, и сите двајца гласачи од овие две села гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1428 кое го опфаќа селото Мал Радобил, на изборите од вкупно запишани тројца избирачи во избирачкиот список, само еден  излегол да гласа, и тој еден гласач гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1429 кое ги опфаќа селата Никодин и Ракле, на изборите од вкупно запишани пет избирачи во избирачкиот список, само еден  излегол да гласа, и тој еден гласач гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1436 кое го опфаќа селото Мало Рувци, на изборите од вкупно запишани четири избирачи во избирачкиот список, само двајца  излегле да гласаат, и сите двајца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1438 кое го опфаќа селото Чумово, на изборите од вкупно запишани 20 избирачи во избирачкиот список, петмина  излегле да гласаат, и сите пет гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1442 кое го опфаќа селото Присад, на изборите од вкупно запишани пет избирачи во избирачкиот список, само еден  излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1496 кое го опфаќа селото Марул, на изборите од вкупно запишани 23 избирачи во избирачкиот список, 11 излегле да гласаат, и од нив еден уфрлил неважечко ливче, а другите 10 сите гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1498 кое го опфаќа селото Шелеверци, на изборите од вкупно запишани 12 избирачи во избирачкиот список, само петмина  излегле да гласаат, и сите петмина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1521 кое го опфаќа селото Кален, на изборите од вкупно запишани 16 избирачи во избирачкиот список, само еден излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1522 кое го опфаќа селото Кокре, на изборите од вкупно запишани пет избирачи во избирачкиот список, само еден излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1524 кое го опфаќа селото Пештани, на изборите од вкупно запишани 10 избирачи во избирачкиот список, четворица излегле да гласаат, и сите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1526 кое ги опфаќа селата Гуѓаково и Вепрчани, на изборите од вкупно запишани 6 избирачи во избирачкиот список, само двајца излегле да гласаат, и сите двајца гласачи од овие две села гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Могила:
– во избирачкото место број 0223 кое го опфаќа селото Мојно, на изборите од вкупно запишани 78 избирачи во избирачкиот список, 58 излегле да гласаат, и сите 58 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Новаци:
– во избирачкото место број 0177 кое ги опфаќа селата Будимирци, Груништа и Петалино, на изборите од вкупно запишани 16 избирачи во избирачкиот список, двајца излегле да гласаат, и сите двајца од овие три села гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Крушево:
– во избирачкото место број 1193 кое го опфаќа селото Острилци, на изборите од вкупно запишани 28 избирачи во избирачкиот список, 17 излегле да гласаат, еден гласал со неважечко ливче, но сите други 16 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1205 кое го опфаќа селото Горно Дивјаци, на изборите од вкупно запишани 23 избирачи во избирачкиот список, 19 излегле да гласаат, и сите 19 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1207 кое го опфаќа селото Селце, на изборите од вкупно запишани осум избирачи во избирачкиот список, само еден излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Демир Хисар:
– во избирачкото место број 0632 кое го опфаќа селото Ракитница, на изборите од вкупно запишани 11 избирачи во избирачкиот список, 6 излегле да гласаат, и сите 6 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0643 кое го опфаќа селото Боиште, на изборите од вкупно запишани осум избирачи во избирачкиот список, само еден излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0653 кое го опфаќа селото Радово, на изборите од вкупно запишани осум избирачи во избирачкиот список, четворица  излегле да гласаат, и сите четворица  гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0656 кое го опфаќа селото Суво Грло, на изборите од вкупно запишани тројца избирачи во избирачкиот список, само еден излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0658 кое го опфаќа селото Велмевци, на изборите од вкупно запишани пет избирачи во избирачкиот список, двајца излегле да гласаат, и сите двајца од ова село гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Дебарца:
– во избирачкото место број 1328 кое го опфаќа селото Сливово, на изборите од вкупно запишани 7 избирачи во избирачкиот список, еден излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1330 кое го опфаќа селото Мраморец, на изборите од вкупно запишани пет  избирачи во избирачкиот список, двајца излегле да гласаат, и сите двајца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 1331 кое го опфаќа селото Турје, на изборите од вкупно запишани 8 избирачи во избирачкиот список, тројца излегле да гласат, и сите тројца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Охрид:
– во избирачкото место број 1335 кое го опфаќа селото Скребатно, на изборите од вкупно запишани пет избирачи во избирачкиот список, двајца излегле да гласаат, и сите двајца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Македонски Брод:
– во избирачкото место број 0244 кое ги опфаќа селата Долни Манастирец и Старо Село, на изборите од вкупно запишани пет избирачи во избирачкиот список, тројца излегле да гласаат, и сите тројца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0236 кое го опфаќа селото Слатина, на изборите од вкупно запишани 11 избирачи во избирачкиот список, 8 излегле да гласаат, и сите осум гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0239 кое го опфаќа селото Вир, на изборите од вкупно запишани 11 избирачи во избирачкиот список, пет излегле да гласаат, и сите петмина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0261 кое го опфаќа селото Сушица, на изборите од вкупно запишани тројца избирачи во избирачкиот список, двајца излегле да гласаат, и сите двајца гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0266 кое го опфаќа селото Здуње, на изборите од вкупно запишани 14 избирачи во избирачкиот список, само еден излегол да гласа, и тој еден гласал за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0267 кое го опфаќа селото Близанско, на изборите од вкупно запишани 24 избирачи во избирачкиот список, осум излегле да гласаат, и сите осум гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0271 кое го опфаќа селото Требовље, на изборите од вкупно запишани 13 избирачи во избирачкиот список, пет излегле да гласаат, и сите петмина гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0274 кое го опфаќа селото Волче, на изборите од вкупно запишани 15 избирачи во избирачкиот список, четири излегле да гласаат, и сите четворица гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Сопиште:
– во избирачкото место број 2418 кое го опфаќа селото Говрлево, на изборите од вкупно запишани двајца избирачи во избирачкиот список, еден излегол да гласа, и тој гласал за ВМРО-ДПМНЕ.

Во општината Кичево:
– во избирачкото место број 0760 кое го опфаќа селото Видрани, на изборите од вкупно запишани 15 избирачи во избирачкиот список, 8 излегле да гласаат, и сите 8 гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
– во избирачкото место број 0766 кое го опфаќа селото Ехлоец, на изборите од вкупно запишани еден избирач во избирачкиот список, тој еден излегол да гласа, ама тој еден гласал за СДСМ!

Поврзани новости