Цела Македонија парализирана од 20 см снег, додека три фирми добиле 1,5 милиони евра за да ги чистат патиштата

by Fokus 12:17
12:17

Обилните снежни наноси од вчера ја парализираа цела Македонија, а според податоците на Бирото за јавни набавки, „Македонија Пат“ има договор вреден 1,5 милиони евра со три приватни компании за ангажирање механизација за чистење на патиштата.

Дополнително, во тек е уште еден тендер вреден 1,1 милион евра за набавка на сопствена опрема за чистење на снег. Тендерот е објавен на 9 ноември, а понудите требало да се отворат на 19 декември.

- Advertisements -

Како што објави порталот СДК.МК, според Електронскиот систем за јавни набавки, договорите се склучени со Друштво за транспорт, трговија и услуги НБ-ТРАНС СОМПАНУ ДОО Тетово за над милион евра, со Друштво за производство, трговија и услуги ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз с. Долно Строгомиште Зајас за 113.000 евра и со Друштво за превоз, производство, трговија и услуги ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Демир Хисар за 323.000 евра. Предмет на договорот е патни работи во зимски услови на сите државни патишта во РМ за сезона 2016-2017.

Ваквите информации денеска цело време се споделуваат на социјалните мрежи, искажувајќи го револтот колку многу пари се трошат, а само 20 сантиметри снег ја блокира цела држава.

 

Поврзани новости