Царовска: За две години од минатата власт бројот на вработени се зголемил за 21.000, а за две години сега се зголемил за 54 илјади

by fokus

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во вечерашната Топ тема на телевизија направи споредба меѓу два периоди од по две години, првиот од мината власт и вториот од сегашната власт.

-Зголемен број на вработени лица во период 2013-2015 година, 21.000, а  2017-2019 година 54 илјади нови вработени. Зголемување на нето плата во периодот 2013-2015 821 денар, а во 2017-2019 зголемување од 2297 денари.  Ако зборуваме за компании, односно број на потпишани договори и новоотрворени инвестиции во 2013-2015 вкупно  17, а во периодот 2017-2019 е 34. Ова се бројки од кои не можете да избегате. Граѓаните треба да ги интересираат овие математички податоци, бројките, а не празни флоскули и манипулации, рече Царовска.

Поврзани новости