Царовска тврди дека нема потреба од онлајн настава: Вчера пријавени 24 новозаразени со ковид-19

by Fokus 11:45
11:45

Засега нема потреба учениците од настава со физичко присуство, да преминат на онлајн настава. Ова го смета министерката за образование Мила Царовска. Таа додаде дека се следи состојбата, а ако има индикација да се промени сценариото за учење, тоа ќе се направи. Таа рече дека 24 ученици биле новозаразени вчера, но не посочи во кои општини односно градови.

-Вчера новозаразени се 0.01 проценти. Што значи дека е помал бројот на новозаразени вчера во споредба со понеделникот. Епидемиолозите следат, тие дејствуваат врз основа на општина, регион. Досега нема индикација дека треба моделот да се менува. Кога ќе добиеме индикација, подготвени сме да постапиме. 240 илјади ученици се на училишта, а вчера процентот е 0.01, што е навистина низок број. Највисок интерес на учениците да бидат во училница, рече Царовска.

- Advertisements -

Таа смета дека одењето во училиште е во интерес на учениците.

-Пандемијата треба да се помине, но имаме и пост пандемски период кој треба да го живееме. Најголем интерес е да го заштитиме интересот на учениците, нивното ментално здравје, нивото образование. Повикувам да им обезбедиме право на учење, кое основно детско право, додаде Царовска.

 

Поврзани новости